Македонската одбојкарска репрезентација е поразена од Бугарија и во четвртиот пријателски натпревар пред стартот на евро-квалификациите.

Нашите момци во Софија беа совладани од фаворитот со 3:1 (25:23, 25:17, 22:25, 25:20).

За одбојкарите ова е четврти пораз во рамките на подготовките.

Вистинското за нив почнува на 11. овој месец, во квалификациите за пласман на ЕП играме против Турција и БИХ.