Лидерот на табелата во Ла Лига, Атлетико Мадрид, претрпе сензационален пораз во Купот на Шпанија и испадна од третолигашот Корнеља откако загуби со 1:0 на гостински терен.

Чоло излезе на мечот без некои свои клучни играчи како Луис Суарез, Маркос Љоренте, Коке и Јан Облак, но сепак имаше силен тим со Жоао Феликс, Хозе Хименез, Анхел Кореа, Саул и други.

Меѓу стартерите беа само двајца од вториот тим – голманот Мигел Сан Роман и десниот бек Рикардо Санчез.

Инаку, домашините погодија во 7. Минута преку Адријан Хименез, што беше и клучно за победникот на мечот.