Организаторите на Австралија опен најавија остри казни за кршење на протоколите и карантинот за тенисерите за време на одржувањето на турнирот. Според австралиските медиуми, тенисерот кој ќе ги прекрши правилата за карантин ќе биде казнет со парична казна до 20.000 австралиски долари.

Доколку некој од тимот на играчот ги прекрши правилата, санкциите сепак ќе ги плати тенисерот. Покрај парична казна, повреда на протоколите може да резултира со дисквалификација од турнирот , губење на паричната награда, продолжен карантин, изолација во хотелска соба, па дури и апсење и депортација.

Тенисерите ќе пристигнат во Мелбурн кон средината на јануари и ќе одат во задолжителен карантин од 14 дена. Австралија опен ќе се одржи од 8 до 21 февруари.