Младиот руски возач во Формула 1, Никита Мазепин, кој во следната сезона ќе вози за Хаас Ферари, одново е во центарот на вниманието, Да потсетиме дека пред неколку недели излезе видео со него како во автомобил и ги пипка градите на својата пријателка. Откако тоа малку како да се подзаборави, Русинот одново имаше свој “бисер“, и тоа поврзан со неговиот тимски колега за следната сезона Мик Шумахер, инаку син на легендарниот Михаел Шумахер.

Мик и јас не сме пријатели. Ние сме само стари познаници од времето додека се тркавме со картинзи. Искрено, баш ми е гајле за неговото презиме, баш ми е гајле за Шумахер“ изјави Мазепин.

Сега на потег е темпераментниот шеф на Хаас Ферари, Гинтер Штајнер, да видиме како тој ќе реагира на овие зборови на Мазепин. Посебно ако се знае дека тој воопшто не трпи вакви испади на своите возачи.