Украинската тенисерка Дајана Јастремска, привремено е суспендирана поради кршења на антидопинг правилата, објави ИТФ.

Во примерокот од 24. ноември кај нејзе е пронајдена забранета супстанца, па е обвинета за кршење на членот 2,1.

За Украинката следува примвремена суспензија која што почнува од денеска.

Станува збор за тенисерка која се наоѓа на 29. место на светската листа, а во крвта е утврдено присуство на метаболит месторолон, супстанца која се на листата на забранети.

Сепак, тоа е не налјошото што може да и се случи. Неа по доаѓањето во Дубаи, е откриено дека е позитивна на коронавирус, па сега е во изолација.