Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, тврди дека Кевин Стротман наскоро ќе го напушти француски Олимпик Марсеј за да се врати во Италија. Овој пат нов клуб на Холанѓанецот ќе биде Џенова на нашиот Пандев.

Андре Виљаш-Боаш веќе не смета на играчот од средниот ред, па ќе му дозволи на Стротман да змаине на позајмица до крајот на сезоната. Ди Марцио вели дека  холандскиот репрезентативец, кој пристигна во Франција во август 2018 година од Рома за 25 милиони евра, треба брзо да се врати во Серија А.