Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од главните мотори на „црвено-црните“ во изминатите години.

Токму феноменалните партии, прво беа причина да добие повик од Лино Червар за СП во Египет, а потоа да се најде на мета на бројни европски клубови. Пред месец дека беше најавено заминување на Чупиќ на крајот на сезоната, а од вчера излегоа информации дека Кил го сака уште во февруари.

СПОРТМЕДИА дознава дека Чупиќ останува до крајот на сезоната во „црвено-црниот“ дрес, а дека раководството на клубот веќе преговара за ново продолжување на соработката. Покрај единствениот македонски претставник во ЛШ, за хрватскиот ракометар притиска и ППД Загреб, а претходно конкретна понуда испрати и Мешков Брест.

Чупиќ во Вардар дојде во 2016 година од таборот на Келце, освои две шампионски титули во ЛШ со македонскиот тим, како и бројни домашни и СЕХА-титули.