Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека има резервна опција ако Луис Хамилтон одлучи да не го потпише новиот договор со тимот и да ја заврши кариерата во Формула 1. Договорот на седумкратниот светски шампион со Мерцедес истече на почетокот на овој месец и сега тој официјално е без тим.

Почетокот на сезоната 2021 година е во март, а ако до февруари Луис не успее да се договори со шефовите на Мерцедес за условите на неговиот нов договор, Британецот ќе остане надвор од Формула 1.

„Ние мора да бидеме подготвени за сите сценарија. Состојбата во која се наоѓаме воопшто не ми пречи. Јас секогаш ќе го почитувам Луис Хамилтон без оглед што ќе одлучи – да го продолжи своето неверојатно патување со нас или да се повлече. Со својата неуморна работа и голем успех, тој секогаш ќе биде дел од нашиот тим “, изјави Волф и додаде: „Имаме резервен акционен план, бидејќи не можеме да ја оставиме нејасна судбината на тимот и доколку е потребно, ќе постапиме според тоа“, заклучи Австриецот.