Славе Маркоски е пред трансфер во тимот на Динамо Загреб. Досегашниот член на тимот на Охрид и еден од најталентираните млади фудбалери во Македонија веќе неколку дена е дел од гигантот од Загреб и е пред потпис на професионалниот договор со овој клуб.

Маркоски е играч од средниот ред, кој е дел од македонските младински селекции веќе подолго време и важи за еден од најдобрите на својата позиција.

Динамо Загреб е еден од оние клубови каде што многу често гравитираат Македонски интернационалци, а последно таму беа Филип Антовски и Андреј Кировски. Во минатото да не споменуваме кој се играше на Максимир. Плејада од Македонски репрезентативци.

Славе Маркоски со ова би направил голем исчекор во својата кариера, иако за него во моментов се заинтересирани буквално сите македонски прволигаши.