Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје започна квалификацискиот турнир за ЕП во одбојка 2021. Македонија на отворањето успеа да дојде до посакуваната прва победа над селекцијата на Босна и Херцеговина и успешно да ја почне мисијата за втор последователен настап на котиненталните собири. Пред празните трибини, нашите одбојкари одигра меч со осцилации, но што е најважно, ја остварија премиерната победа. Во среда не очекува вториот меч со селекцијата на Турција.