Дефанзивецот на Милан Лео Дуарте во текот на оваа недела ќе го комплетира трансферот во редовите на турскиот првак Башакшехир. Според различни извори, вклучувајќи ги „Калчомеркато“ и „Тутомеркатовеб“ трансферот е речиси готов, останува уште фудбалерот да пристигне во Истанбул и да стави потпис.

Дуарте ќе игра како позајмен во Башакшехир во наредните шест месеци, според спортскиот новинар Ди Марцио турскиот клуб има и опција да го откупи договорот во текот на летото.

Бразилецот речиси да не играше за Милан минатата година, но има договор со јуни 2024 година. Тој во летото 2019 година дојде на „Сан Сиро“ од Фламенго за 10 милиони евра но одигра само девет натпревари.