Познато е дека Силекс ќе биде една од нашите екипи кои дел од зимските подготовки ќе ги одработат во Анталија, каде заминува следниот понеделник, на 18 јануари. Таму, во познатиот спортско – туристички центар во Турција, кратовци ќе одиграат неколку пријателски средби со силни ривали. На 26 јануари закажан е дуел со украинскиот гигант Шахтјор Доњецк. Првиот тим на Силекс ќе ги одмери силите со првиот тим на Шахтјор, а вториот тим на Силекс пак истиот ден ќе игра против У-21 тимот од Доњецк. Познато е дека Шахтјор есенва играше во групната фаза во ЛШ, заврши пред Интер а го победи на тимот на Реал, среде Мадрид со 3:2. На 30 јануари кратовци си закажаа мегдан и со Арсенал Тула, член на елитната Премиер руска лига.

Инаку, како што информираат од Кратово, нов член на кратовци е Ристе Каракамишев, стопер кој дојде од Кожув Гевгелија. Станува збор за играч кој има 25 години, а има играно и за Миравци и Скопје.