Александар Пановски е нов напаѓач на второлигашот Тетекс. Ова го објави и тетовскиот клуб, а тој е четвртото засилување за нив оваа зима по напаѓачот Димитар Иванов како и Божидар Митревски и Ринор Ајдини.

Инаку Пановски доаѓа од тимот на Слога од Виница, а претходно играше за Силекс, Кит Го и Борец.