И како што ексклузивно СПОРТМЕДИА најави, како по обичај, Ѓоре Јовановски од денеска почна со работа како шеф на струката на Беласица. Искусниот стратег со играчите одработи денеска два тренинга. Нема лабаво кај Ѓоре. Уште првиот ден се тренираше двапати. Тука беа сите нови играчи за кои СПОРТМЕДИА утринава информираше, ново е тоа што и дефинитивно Беласица сиот тек од зимските подготовки ќе ги мине во Струмица, каде има релативно добри услови за работа. Во план се и неколку пријателски мечеви, а познато е дека на 27 јануари ривал ќе биде составот на Кожуф, додека на 6 февруари силниот тим на Брегалница.