Ѓоре Јовановски тргна во новиот предизвик во Беласица, со кој ќе брка опстанок во прволигашката конкуренција на пролет.

Поради тоа, Јовановски на денешниот прв тренинг имаше на располагање и четири интернационалци од Србија. Сите доаѓаат од тимот на Инџија, а станува збор за: Александар Вулиќ кој е на голманската позиција, потоа стоперот Страхиња Шево, па Дамир Аврамовиќ кој игра на позицијата последен играч за врска, и напаѓачот Миленко Мијатовиќ.

Претходно на тимот на Беласица му пристапија Пеев, Гуџуфи, Трајановски и Демир. Исто така тимот се засили и со Борис Јакимовски, екс играч на Истра, а сега доаѓа од тимот на Кадино.