Нашата фудбалска репрезентативка Наташа Андонова со еден гол учествуваше во победата на Леванте над екипата на Логроњо од 3:1 во полуфиналето на шпанскиот Супер Куп.

Леванте вечерва го потврди местото во финалето, во кое противник ќе биде подобриот од Атлетико Мадрид и Барселона. Андонова влезе во игра во последните 30-тина минути и погоди за конечни 3:1.