Фудбалерите на Баер (Л) се претпоследен патник во осминафиналето на Купот на Германија. Вечерва на својот стадион, „фармацевтите“ со пресврт славеа над АјнтрахтФранкфурт со 4:1.

Гостите први дојдоа во водство со голот на Јунес уште во 6. минута, по што домашните возвратија и преку Аларио од пенал во 27. минута отидоа на пауза со 1:1.

Во вториот дел Тапсоба со еден ефектен гол ги донесе домашните до предност од 2:1, а Диаби во 67. минута зголеми и на 3:1.

Конечните 4:1 ги постави Диаби со својот втор погодок во 87. минута.