Во првиот натпревар кој се одигра во рамките на 19-то коло во Евролигата го кошаркарите на Барселона обезбедија победа на гостувањето во московскиот регион против Химки со резултат 87:57. По оваа победа, Каталонците имаат скор 13-6 и само играчите на ЦСКА остварија повеќе триумфи од нив во досегашниот дел од сезоната.

Русите, пак,  остануваат најлошиот тим во Евролигата со само 2 победи и дури 17 порази. Вечерва одлична партија против Химки имаше Хигинс кој постигна 18 поени, додека кај домашните Швед беше единствената светла точка со 23 поени.

Вредна победа обезбеди и Анадолу Ефес кој на домашен терен ја совлада Алба со 84:76. За деветтата победа на Турците се погрижија Мициќ и Морман кој средбата ја завршија со по 15 постигнати поени.

Сигурна победа на домашен терен имаше и Фенербахче. Вечерва турскиот тим славеше со убедливи 96:76 над екипата на Басконија.

Standings provided by SofaScore LiveScore