Барселона на наредното дерби против Реал Мадрид ќе игра со посебно дизајнирани дресови под име „специјално издание“ (El Clásico Special Edition), а изгледот веќе се појави на социјалните мрежи.

Мечот против Реал на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одигра на 11 април, но веќе е познато со какви дресови ќе играат фудбалерите на Барселона и кои ќе се појават во продавниците на крајот на јануари.

Овој дрес ќе биде баран меѓу колекционерите, а неговиот дизајн прв пат ги комбинира традиционалните бои на Блауграна и каталонското знаме.