Аксел Витсел ја оперираше ахиловата тетива и пред него е долг рехабилитационен период. Играчот на Борусија Дортмунд се повреди на мечот против Ред Бул Лајпциг.

„Тукушто завршив со операцијата и се чувствувам добро. Се надевам дека со подршката на сите околу мене ќе имам успешен рехабилитационен период и ќе се вратам што побргу на терените“ – изјави Витсел.

Тој во моментов има 32. години и не се знае дали ќе биде подготвен за Европскиот шампионат следното лето.