Словачката фудбалска легенда, Марек Хамшик (33) нема намера повеќе да игра за кинескиот Далиан. Уште повеќе, како што пишуваат денеска медиумите во Русија, тој најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во ЦСКА Москва, во еден од најголемите клубови во таа земја. Се разбира дека ова ќе биде големо, огромно засилување за “армејците“, Хамшик е екстра класа играч и секако дека ќе донесе квалитет во тимот од Москва.

Инаку, колку за потсетување, Словакот досега во својата кариера има играно за Слован Братислава, Бреша, Наполи каде беше една деценија, а од пред две години е член на кинескиот Далијан.

Сега значи време е за враќање во Европа.