Второлигашот Слога од Виница го претстави првото засилување во овој преоден рок, а во клубот дојде напаѓачот Дамјан Ивановски кој доаѓа од екипата на Плачковица. 24-годишниот фудбалер во кариерата настапуваше за уште неколку клубови меѓу кои Вардар, Силекс, Милано, Гоблен, Каменица Саса и Кожуф.

Слога во своите редови ги има Антонио Бујчевски и Иван Митров, а Ивановски ќе биде освежување во навалниот ред за пролетниот дел од сезоната.