Деновите на Лука Јовиќ во Реал Мадрид се веќе одбројани. Преговорите меѓу Реал и Ајнтрахт Франкфурт траат, и се чини, Србинот се враќа во германскиот тим. Таму Јовиќ „блесна“ со своите настапи и си овозможи трансфер во „кралевите“.

Меѓутоа проблемот е тоа што Ајнтрахт веќе го има Андре Силва во своите редови, и Јовиќ ќе треба и таму да ја чека шансата. Евентуално да се смени формацијата, па да играат и двајцата.

Јовиќ би заминал како позајмен до крајот на сезоната, а засега нема информација дали потоа Ајнтрахт би можел повторно да си го откупи и целосно да го врати во своите редови.