Милан го совлада Торино по изведувањето на пенали (5:4), и се пласираше во 1/4 финалето на Купот. Со тоа „росонерите“ четврти пат по ред го елиминира истиот противник од Купот.

„Црвено-црните“ се намачија, откако беше без голови во регуларниот дел и по продолженијата. Вања Милинковиќ-Савиќ на голот на Торино имаше неколку добри одбрани во првиот дел, но не можеше ништо по пеналите.

Татарушану одбрани пенал на Торино во четвртата серија, а сите пет изведувачи на Милан беа прецизни, за конечен триумф од овој меч.