Алрксандар Мишов е новиот напаѓач на тимот на Борец. По Еди Баша кој денеска и официјално беше промовиран како новитет, од утре на тренинг во Велес се појавува и досегашниот член на Академија Пандев.

Мишов има и тоа како големи мотиви за да се докаже во прволигашката конкуренција затоа што во изминатиот период константно беше на релација Академија Пандев – Тиквеш, а сега ќе му биде дадена сериозна шанса да настапува во најсилната конкуренција.

Се работи за напаѓач кој може да одговори на сите позиции во навалната линија и ќе сигурно достојно ќе ги замени оние кои зимава си заминаа од Велес