Месут Озил, германскиот репрезентативец веќе една година е надвор од првиот тим на Арсенал. Тој тренира со “топчиите“, но не настапува. Иако е еден од најпшатните играчи во Премиер-лигата, Германецот со турско потекло посакува што побргу да го напушти клубот од „Емирејтс“ и да потпише за Фенербахче.

Со оглед на тоа дека сега има и онака премногу слободно време, главна занимација му се социјалните мрежи. Па така тој неодамна напиша дека никогаш не би го носел дресот на Тотенхем, со оглед на тоа дека тој тим е најголемиот ривал на “неговиот“ Арсенал.

На денешната прес – конференција, за ова беше прашан и Жозе Мурињо, тренерот на Тотенхем.

А “специјалниот“ во својствен стил искоментира и му “спушти“ на Озил.

А кој му кажа на Озил дека Тотенхем е заинтересиран за него“ кус беше Мурињо, што беше доволно за смеа во прес салата.