Македонската ракометна репрезентација чека абер од ИХФ по бројните позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на земјите учеснички на СП во Египет кое стартува утре.

Вчера нашите ракометари минаа бројни прегледи, покрај редовните Ковид-19 тестовите. Денеска одново се направени нови тестирања, нема позитивни во нашите редови.

Во меѓувреме се подготвени дресовите, чартерот и списокот на играчи кои Данило Брестовац ќе ги поведе во Египет доколку ИХФ не повика како прва резерва во случај некоја од земјите кои имаат обезбедено место на Мундијалот.

Утринава стигнаа неколку информации, Бразил, САД, Зеленортски осторови и Чешка, имаат проблем со позитивни случаи. Една од нив и да тргне кон Египет, ќе мора да ги мине тамошните тестирања. Сите репрезентации кои пристигнуваат во оваа земја од аеродром одат право на проверка.