Милован Петровиќ односно Андреј Стојчевски досегашните членови на екипата на Вардар ќе му се приклучат на Александар Васоски во тимот на Академија Пандев.

Новиот тренер на струмичани, одбра што мисли дека му е потребно од старото јато и го одведе во Академија Пандев.

Најпрво хрватот Марко Мартинага, а сега и Милован Петровиќ односно Андреј Стојчевски доаѓаат како екс вардарови засилувања.

Петровиќ го има неопходното искуство во средината на теренот, кое му е и тоа како потребно на тимот на Академија Пандев во моментов, додека пак Андреј Стојчевски е младиот фудбалер кој во струмичкиот прволигаш ќе треба да ја потврди својот полн сениорски капацитет.