Софантастичниот волеј од скоро 16 метри, Пол Погба му донесе голема победа на Манчестер Ј. од 1:0 на гостувањето кај Барнли и се искачи на лидерското место на табелата во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ вечерва во заостанатиот меч од 1. коло на гостувањето кај Барнли долго време не успеваше да го скрши отпорот на домашните, но францускиот играч за врска по одличното додавање на Рашфорд, испрати прецизен удар кон домашниот гол за водство и голема победа.

 

Вечерва во меч од 18. коло на Премиер лигата, Евертон се врати триумфално од гостувањето кај Вулверхемптон по победата од 2:1. Десетата победа за „карамелите“ значеше и враќање во ТОП 4.

Standings provided by SofaScore LiveScore