Селекторот на нашата ракометна репрезентација Данило Брестовац го има списокот на ракометари кои утре заминуваат за Египет на Светското првенство. Македонија денеска доби шанса за настап на ракометниот планетарен собир, откако Чешка го откажа настапот поради голем број на заразени ракометари со Ковид-19.

Иако имаше најава дека ќе патува со репрезентацијата, Дејан Манасков нема да биде во нашиот репрезентативен тим за овој Мундијал, а на списокот на патници ги нема и искусните Борко Ристовски, и Гоце Георгиевски.

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски

ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски

ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски, Ненад Костески

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ

СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски