По Дамјан Ивановски утринава, Слога Виница денеска попладнево промовираше уште едно ново име во зимскиот преоден рок. Станува збор за Михаило Митров (25), сега веќе екс играч на Борец од Велес. Митров исто како и Ивановски, игра во офанзивата, па така и со него второлигашот од Виница ќе има уште поквалитетен напад.

Кога сме кај Михаило Митров, да споменеме дека тој пред Борец има играно за вториот тим на романскиот ФЦСБ, потоа за Фарул, Клинцени, исто клубови од Романија а го носеше дресот и на Еуромилк, Кожуф, Металург…