Се чини дека Борац Бања Лука сепак успеа да го ангажира капитенот на Вардар и еден од најдобрите играчи во ПМФЛ, Дарко Мицевски, и тоа од “втора мајка“ што се вели. Познато е дека летоска одличниот играч за врска имаше понуда од клубот од БиХ, но тој ја одби, но сега се е готово. Договорот е постигнат, останува само да се официјализира трансферот а како што дознаваме, еден од најдобрите клубови во БиХ, утре планира и да го претстави на јавноста своето големо засилување.

Кога сме кај Мицевски, клучниот играч за врска на Вардар во оваа, но и онаа сезона која беше прекината, а во која тимот ја освои титулата, во Вардар дојде во јули 2018 година. Претходно играше за Работнички, Слобода Ужице, Тетекс, ОФК Београд, Нови Пазар, Минск, Ал – Неџмех од Бејрут од каде што и дојде во Вардар.

Инаку медиумите во Босна играчот за врска, кој оваа есен го имаше своето деби во репрезентацијата на Македонија, го најавуваат како најголемото засилување за Борац Бања Лука оваа зима.