По Чешка и САД се на пат да се откажат од настап на Светското првенство во Египет 2021. На еден ден до стартот на Мундијалот, според неофицијални информации, по Чешка, и репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на турнирот, со оглед на тоа што селекторот Роберт Хедин има на располагање само 12 играчи кои не се заразени со коронавирусот.

Втора на списокот замени, по нашата репрезентација која ќе ја замени Чешка, е селекцијата на Швајцарија. Останува да се види наскоро дали ќе дојде и до втора промена на учесниците на шампионатот кој утре стартува со мечот меѓу Египет и Чиле.