Македонскиот футсал шампион Шкупи утринава замина за Украина каде што во сабота ги очекува дуел со шампионот на таа земја Продексим Херсом во 1/16 финалето на Лигата на шампионите. Мечот се игра во Запорожје на 16 јануари (13 часот), а од македонскиот шампион се надеваат на позитивен резултат на ова гостување иако се работи за силен противник во која играат и странци.

По правилата победникот од овој дуел ќе се пласира во осминафиналето кое ќе се игра во февруари.

Шампионот на Украина во претходната рунда го растури Росарио од Северна Ирска со 28:1, а Шкупи славеше против ирскиот Блу Меџик од Даблин со 3:0.