Адис Јаховиќ го постигна својот прв гол во новата 2021 година. Тој попладнево во меч од 1/8 финалето во Купот на Турција, успеа да го постиггне третиот гол за Анталијаспор во победата над Бурсаспор со 3:0. Се играше 36.минута кога при резултат 2:0 зас гостите од Анталија, Македонецот стрелаше и успеа да погоди за конечни 3:0 и со тоа да го завери пласманот на својата екипа во следната рунда, во 1/4 финалето.