Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ тврди дека Јувентус практично ги договорил условите со Сасуоло за трансферот на Џанлука Скамака. Ако се точни тврдењата на весникот, Јуве ќе го добие напаѓачот за сума од околу 25 милиони евра.

Скамака, кој оваа година игра како позајмен во Џенова, најпрво ќе оди на 18-месечен заем во Торино, за потоа Јувентус да има обврска да го отклупи неговиот договор. Џенова веќе прифатила дека тековната едногодишна позајмица ќе биде прекината по шест месеци.