Вистинска трансфер “бомба“ од Тетово.Имено како што велат нашите проверени информации, Ренова веројатно ќе се засили со Јапонец, и тоа со Кен Акаматсу, напаѓач кој има 25 години. Тој е роден во Јапонија, играл во младинската школа на Јоура, а како професионалец има играно за екипи во САД, и тоа во Денвер, Колорадо и Њу Мексико од каде и доаѓа во градот под Шара.

Инаку Јапонецот утре ќе биде во Тетово, прво ќе биде на еднонеделна проба и ако ги задоволи вкусовите на стратегот Ќатип Османи ќе потпише договор на “гипсарите“.