Манчестер Сити во последните 15 години важи како еден од најбогатите, најмоќните клубови во светот. Шеиците вложија многу пари, и тоа понекогаш дава резултат. Од друга страна, барем како што се пишува во медиумите на Островот, за овој клуб врзани се многубројни афери, а една од тие ја “открива“ Дејвид Орнштај, новинар во еден тамошен медиум. Имено тој тврди дека пред една деценија раководството на “граѓаните“ направило измама. Сити сакал по секоја цена да го доведе Бразилецот Габриел Фернандо Алмедиа, па затоа го “вработиле“ неговиот татко како скаут во клубот, јасно е дека тој бил “лажен“ скаут. Новинарот тврди дека за ова против клубот имало истрага, сепак интересно е да се види каква ќе биде реакцијата на Манчестер Сити по ова “откривање“ на аферата.