Кипарска Докса го промовираше Дарко Глишиќ за свое најново засилување. Левиот бек оди во тимот каде што се членови Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.

Глишиќ доаѓа од екипата на Шкупи, а овој трансфер „Спортмедиа“ го најави уште пред една недела.

Глишиќ во минатото беше дел од Вардар, играше и вo бугарските Септември и Арта, потоа играше и за Динамо Тбилиси, Скопје, Напредок, Тетекс и Олимпик Сараево.