Мохамед Ел Шарави многу веројатно дека ќе се врати во тимот на Рома. Напаѓачот своевренено настапуваше за клбот од Рим и тоа со успех, а потоа за сума од 16 милиони евра замина во Кина, да нарпатува за тимот на Шангај.

Сепак, како што тоа обично бива со транссферите во оваа земја, прилагодувањето е многу тешко, а Ел Шарави не е поразличен од останатите.

Затоа во неговиот договор стои посебна клаузула која вели дека тој може веднаш да си замине ако не може едноставно да се прилагоди на условите и начинот на живот во Кина што не се ни малку слични на оние во Европа. Па така, зимава Ел Шарави најверојатно се враќа во Рим, и ќе го засили неговиот некогашен клуб.