Не дека српскиот шампионат е којзнае колку подобар од нашиот, но факт е дека фудбалерите од ова првенство многу полесно се продаваат во светските гиганти.

Па така, досегашниот член на тимот на Чукарички, Димитрије Каменовиќ инаку по вокација, десен бек ќе биде најновото засилување на тимот на Лацио.

Српскиот младински репрезентативец во моментов има 20. години, нормално е стандарден извесно време во тимот на Чукарички, а сега заминува во Серија А, во трансфер вреден три милиони евра. Доготовот е тој д аостане во Чукарички до крајот на сезоната, да ги доигра мечевите поради минутажа, а потоа да замине во Италија.