Па, зарем е можно. Ако изборот на ИФФХС (Интернационална фудбалска федерација за историја и статистика), за најдобар тренер во псоледната деценија да биде Диего Симеоне и може да помине, сепак изборот на Феликс Брикс, со 141 поени, за најдобар судија навистина е чуден. Контроверзниот судија од Германија кој е постојано на големата сцена и постојано на удар на критики, бил најдобриот во последната декада, од 2011 до 2020 година.

На второ место е Чунејт Чакир од Турција кој има 140 поени, следува Бојрн Кујперс (Холандија), па Никола Рицоли (Италија), Нестор Питана (Аргентина), Хауард Веб (Англија), подолу се и Дамир Скомина (Словенија), Милорад Мажиќ (Србија), Марк Клатенбург (Англија).