Никола Ѓорѓиев, капитенот на нашите одбојкари им посака среќа нашите Кире, Столе, Талески и останатите наши ракометни репрезентативци кои ќе играат на СП во Египет, а првиот меч го имаат веќе утре.

Ѓорѓиев на својот инстаграм профил кусо порача: “Среќно браќа..“ и им посака многу успех на своите ракометни другари.

А тие пред патот за Египет нему и на неговите репрезентативни колеги и посакаа победа над Турција на денешниот квалификациски меч и пласман на ЕВРО 2021.