Христијан Кировски, Иван Настевски, Петар Љамчевски и Ферат Рамани од денеска и официјално не се веќе фудбалери на Гостивар. Како што и официјално потврдија од клубот, со нив е прекината соработката па така сега може да си побараат без проблем нова средина.

Со ова се чини дека и дефинитивно се распаѓа сонот на Гостивар за пласман во Првата лига, барем директен. Имено летоска клубот имаше големи амбиции, купи познати прволигашки имиња, тука беше и голманот Марко Јовановски, но потоа дојдоа проблемите со исплатата и екипата драматично падна на резултатски план.

Инаку како што велат нашите информации, Иван Настевски бил пред потпис со Скопје, клуб кој есенскиот дел во Втората лига – исток беше убедливо прв и кој уште отсега прави прволигашки состав.

Покрај “Меси“ Настевски од Автокоманда најавуваат за во понеделник уште две трансфер “бомби“.