Куманово дојде до голем триумф во БИБЛ-лигата, на гостувањето кај лидерот Академик славеше со убедливи 96-79. За македонскиот претставник во балканското натпреварување кој е на последното место на табелата ова беше трета победа сезонава.

Кошаркарите на Куманово беа подобар противник во текот на целиот меч, по првата четвртина поведоа со 20-23, домашниот тим само еднаш поведе во вториот период и тоа на крајот, во продолжение доминираше македонскиот состав, на одморот имаше предност од 41-47.

Не застана Куманово се искачи на двоцифрени 55-69 и до крај не дозволи изненадување.