Македонската репрезентација денеска ќе замине за Каиро, еден од градовите домаќини на Светското првенство. Селекторот Данило Брестовац и неговите момци ќе играат во групата Г, во која за противник ќе ги имаат селекциите на Шведска, Египет и Чиле.

Првиот меч го играме утре против Шведска во Арената „Стадион Каиро“, дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот. По еден ден одмор, ќе ги одмериме силите со домаќинот, Египет (18 часот), додека во последното коло ќе се сретнеме со Чиле, мечот се игра во 15:30 часот.

Добро е што сите натпревари на Македонија ќе бидат пренесувани на МТВ, па сите ракометни фанови нема да се мачат со линкови.