Македонската ракометна репрезентација попладне (16:30 часот) ќе замине за Египет, домаќинот на Светското првенство, кое стартува денеска.

Иако бевме на готовс и дел од обврските веќе ги имавме завршено, сепак по поканата од ИХФ за настап на Мундијалот, нашата експедиција мораше за кратко време да се подготви.

Денот е долг за македонските ракометари. По пристигнувањето во Каиро (некаде околу 19 часот по наше време), базата на „црвено-жолтите“ од авион веднаш ќе мора да се тестираат, прво со брзи тестови, а потоа ќе направат и ПЦР-тестови, до добивањето на резултатите, ракометарите ќе мора да бидат во карантин во хотелот, во кој ќе бидат сместени.

Ова значи дека времето за подготовка ќе биде кратко. Данило Брестовац, селекторот на македонската репрезентација, кој поведе 20 ракометари, за дуелот со Шведска (закажан за утре, 20:30 часот) ќе мора добро да го искористи времето.

Покрај оваа селекција, Македонија во првата фаза ќе ги одмери силите со Египет и Чиле, првите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во следната рунда.