Како и секоја година така и оваа генералните менаџери на екипите кои се дел од Еврокупот во кошарка прават своевидно изтражување во кое ги оценуваат играчите, членови на екипите од ова натпреварување.

На крајот на првата, групна фаза од сезоната, на луѓето кои раководат со клубовите учесници во второто според квалитет натпреварување, им беа поставени серија на прашања во врска со играчите и тимовите кои се дел од натпреварувањето.

Меѓу темите што беа разгледани беа нивните фаворити за влез во финалето на Еврокупот, нај изненадувачкиот тим, најдобриот тренер и најдобрите играчи во различни категории…

Во една од нив, насловена како „Звезди во подем“ е и она на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Виктор Вембанјама од Нантер доби 20.8% од гласовите додека организаторот на играта на Хувентуд има 16.7% во анкетата на Еврокупот, што е доказ плус за растот на младиот Македонец во една ваква, силна европска конкуренција.