Наместо вечерва во 21 часот, дуелот меѓу Реал (М) и Црвена звезда во Евролигата ќе се одигра во понеделник. Причината за одложувањето на натпреварот од 19-то коло во Евролигата е замрзнатата писта на аеродромот во Мадрид, поради што „црвено-белите“ не можеа да летнат кон главниот град на Шпанија.

Летот првично беше планиран за денеска во 9 часот наутро, но потоа патувањето беше одложено за 14 часот истиот ден, но на крајот беше донесена одлука за одложување на натпреварот. Во меѓувреме, белграѓани ќе патуваат во Шпанија, утре за Валенсија, со која ќе се сретнат во петок во 21 часот, како дел од 20-тото коло на елитното натпреварување.