Англискиот Вест Хем ја назначи Ема Бентон-Хјуз за нов клупски директор. Таа е сопруга на ко-сопственикот на клубот од Лондон Дејвид Саливен. Бентон-Хјуз е поранешна порно ѕвезда и настапувала под името Ив Ворли во деведесеттите години, а интересно е што таа не е единствената од фамилијата Саливен која работи во клубот. Синот Дејв Саливен џуниор исто така е член на бордот на директори, додека другиот нејзин син, Џек Саливен е раководител на женскиот тим на Вест Хем.